Повелбата од Род Ајледн

„Можеби знаете дека сум подготвен да го охрабрам моите споменати лојални и љубовни поданици на надежниот потфат. Ќе им обезбедам заштита во слободно остварување на сите нивни граѓански и верски права. Ќе им ја зачувам таа слобода во вистинската христијанска вера и обожавањето на Бога, во која тие се обидоа да уживаат со толку многу маки”.„Некои од луѓето во колонијата, во нивните приватни мислења не можат да се усогласат со на јавното практикување на религијата, според литургијата и церемониите на црквата на Англија, ниту пак да се поклонуваат и да полагаат заклетви и написите направени во тоа име”. „Се надевам дека заради оддалечените растојанија од тие места, нема да има нарушување на единството и униформноста утврдена и воспоставена во оваа нација”. Со ова изјавувам дека ниту една личност во наведената колонија, во ниту еден момент во иднина нема да биде на кој било начин малтретирано, казнувано, вознемирувано или доведено во прашање поради било какви разлики во мислењата во однос на религиските прашања, кои всушност не го нарушуваат граѓанскиот мир на оваа колонија. Сите и секоја личност, доколку се однесуваат мирно и тивко и не ја користат оваа слобода за безобразност и пропаст, ниту за граѓанска повреда или надворешно вознемирување на други, на кој било закон, статут или клаузула во него [содржани во остатокот од оваа Повелба], може слободно низ целата земја да ужива во своите и сопствените проценки и убедувања за прашањата од религиозна природа.
Во 1620-тите, група ригорозни протестанти, наречени Пуританци, се населиле во регионот на Масачусетс (во северно-источна Америка). Тие имале намера да живеат според нивното строго толкување на христијанството и не прифаќале дисиденција. Во 1636 година, тие сакале да го затворат и да го вратат во Англија, извесен Роџер Вилијамс. Вилијамс, кој според другите колонисти застапувал некои многу „шокантни” идеи. Тој, на пример, тврдел дека Америка им припаѓа на Индијанците и дека кралот на Англија нема право да им дистрибуира, т.е. да им подели американска земја на колонистите. То,ј исто така верувал дека вистинските христијани треба да ги прекинат сите врски со црквата на Англија, за која сметал дека е корумпирана. За да избегне апсење, една студен зимска ноќ, Вилијамс избегал во пустината. Таму, тој бил пречекан од Индијанците, кои ги познавал и со кои и претходно се дружел и живеел одреден временски период. Тие му дадоа или продадоа парче земја во Заливот Нарагансет, каде Вилијамс воспостави нова колонија, која ја нарекол „Промисла“. Тоа беше основата на она што сега е државата на Род Ајленд во САД. Во својата нова населба, Роџер Вилијамс започнал д гради и практикува демократско општество во кое сите мажи се сметале за рамноправни (иако жените сè уште биле исклучени од гласање). Тоа значи дека имало верска слобода за сите: луѓето од кое било верско убедување - протестантите, католиците, Евреите, „паганите“ (Индијанците), муслиманите - можеле јавно да се придржуваат кон својата вера и да се поклонуваат. На пример, тие можеле да подигнат и верски објекти. Покрај тоа, граѓанските ги прифатиле сите религиозни убедувања, па затоа не можеле да наметнат или да спречат специфично религиозно однесување. На пример, тие го укинале неделниот одмор, бидејќи тоа било христијанска практика. Исто така, секој, без оглед на неговите верувања (вклучително и атеистите), можеле да станат државен службеник или судија. Притоа, барањето за полагање заклетва се сметало и за незаконско, затоа што заклетвата се перцепирала како верски и религиски чин. Единствената причина зошто граѓанските власти би можеле да се мешаат во религиозни работи, е само доколку се загрози граѓанскиот поредок, или пак не се почитуваат правата на другите. Затоа, сите жители плаќале исти даноци. Овој степен на слобода бил навистина револуционерен во тоа време, а веројатно и е сè уште. (Види клипинг - текст на Повелбата од Род Ајленд).