Ен Хачинсон

Една од најпознатите религиозни дисиденти и неистомисленици во колонијалната Северна Америка во седумнаесеттиот век (во почетокот на британската колонизација), била жената по име Ен Хачинсон (родена Ен Марбери). Хачинсон, мигрирала од Англија во Бостон, Масачусетс во 1634 година, со нејзиниот сопруг и 10 деца. Како ќерка на свештеник, таа започнала да собира луѓе околу себе и да се проповеда, што во тоа време било сосема необично. Наскоро, таа станала многу критична кон тамошните свештеници. Таа чувствувала дека нејзините идеи дошле до неа директно од Бога - „со непосреден глас“, како што и самата изјавила. Тоа звучело опасно и чудно во тоа време.Поради нејзините радикални идеи, таа била изнесена пред суд. Во тоа време, луѓето обично верувале дека жените треба да бидат послушни и дека не би требало да донесуваат свои проценки, но Хачинсон многу ефикасно ја поставила сопствената одбрана. Таа се покажала како многу добро запознаена со теологијата и негирала дека судот има право да ја суди, бидејќи таа ја следела Божјата инспирација. Таа дури и се заканила на судот:

 

„Затоа, внимавајте како постапувате против мене - зашто јас го знам дека Бог ќе ве уништи вас и вашите потомци и целата држава”.

 

Сепак, судот во 1636 година ја екскомуницирал и ја прогонил. Заедно со некои други луѓе, таа се преселила во областа на Род Ајленд. Таму го запознала „сродниот дух”, Роџер Вилијамс, (погледнете ги исечоците/клипинзите за Род Ајленд и Роџер Вилијамс), иако тие можеби веќе и се познале. Нивните идеи за раздвојувањето помеѓу црквата и државата биле слични. Сепак, Хачинсон не останала на Род Ајленд, по смртта на нејзиниот сопруг, таа отпатувала во холандската колонија, Нова Холандија, каде на крајот била убиена од домородните Американци.

Во 1620-тите години, група на ригорозни протестанти, наречени Пуританци, се населиле во регионот на Масачусетс (во Северо-источна Америка). Тие имале намера да живеат според нивното строго толкување на христијанството и не прифаќале дисиденција. Спротивно на тоа, Род Ајленд бил основан од Роџер Вилијамс, исто така, побожен христијанин, но со некои извонредно радикални идеи. Под негова инспирација, Род Ајленд им дава религиска слобода на сите (видете ги сите исечоци од Повелбата на Род Ајленд и Роџер Вилијамс). Додека биле прогонувани во Масачусетс, на Квекерите им било дозволено слободно да живеат и да го практикуваат нивното уверување во соседниот Род Ајленд. Иако основачот на Род Ајленд, Роџер Вилијамс, ги сметал за крајно иритирачки, па дури и одвратни заради нивното однесување и непочитување кон другите, тој повеќе ја ценел слободата на религијата и на изразувањето (за да разбере зошто, видете ги исечоците/клипинзите за Роџер Вилијамс). Подоцна, Квекерите развиле отворен и толерантен однос кон луѓето од други вери и уверувања. Под инспирација на Квекерот Вилијам Пен, тие воспоставија уште една отворена и толерантна колонија на место каде што сега е државата Пенсилванија.

Зошто идеите на Хачинсон се сметаат за опасни? Зошто таа би била прогласена за пророк и застапник во борбата за верска слобода, раздвојување на црквата и државата, еднаквоста и правата на жените и во борбата против сите форми на злоупотреба на авторитетот и моќта? Како би реагирале ако некоја жена изнесе и застапува некои необични идеи?