Роџер Вилијамс и Ѕидот на раздвојувањето
Во седумнаесеттиот век, низ цела Европа, како и во европските колонии, граѓанските власти (државата) биле силно уверени дека за да се оддржи јавниот ред, неопходно било сите граѓани да делат истата вера. Затоа, тие верувале дека нивна должност да ги ограничат религиозните ставови на дисидентите, па дури и да ги прогонуваат дисидентите, т.е. неистомислениците. Спротивно на тоа, неколку христијански радикали верувале и тврделе дека граѓанските власти немаат право да управуваат со индивидуална совест, бидејќи верувањето е одлука што припаѓала на лична совест. Покрај тоа, ако црквата се занимавала со граѓански работи, таа самата станувала корумпирана.Еден од оние кои го изнесоа овој аргумент, беше англискиот министер во Нова Англија (британската колонија во Северна Америка), Роџер Вилијамс, кој тврдел дека треба да има „ѕид на раздвојување“ помеѓу црквата и државата. Тој го објаснил своето гледиште користејќи ја парабола што се однесувала на рајската градина, т.е. кога жива ограда или ѕид го одделувале рајот од пустината на светот. За Вилијамс, ѕидот требало да ги заштити религиозните луѓе од политичкото мешање во нивните верувања. Затоа, тој се спротивставил на секаков вид на верски естаблишмент каде граѓанските власти поддржуваат една црква и ги исклучуваат сите други. Вилијамс бил убеден дека тоа ќе биде штетно за вистинското христијанство. Тој верувал дека граѓанските власти треба да се фокусираат исклучиво на организирање на општеството. Тие би можеле да интервенираат во религиозни работи само ако и доколку со нив се загрозува граѓанскиот поредок. Но, дури и во такви ситуации, тој се залагал за практикување на најголема воздржаност. Сите овие принципи, чиј главен инспиратор бил токму Вилијамс, изразени се во Повелбата од Род Ајленд.
Век и половина подоцна, американскиот претседател, Томас Џеферсон, ја употребил истата метафора на т.н. „ѕид на раздвојување“. Не е јасно дали Џеферсон ја знаел параболата на Вилијамс, но сличноста е впечатлива. Денес, метафората на „ѕидот на разделување” често се користи во контекст на ставот дека граѓанските власти треба да бидат „неутрални“ или секуларни - на пример, дека луѓето во државната служба не треба да носат верски симболи или ознаки. Сепак, тоа не е она што го мислел Вилијамс.
Погледнете ги и исечоците/клипинзите за Роџер Вилијамс и општеството како брод и за Повелбата од Род Ајленд.
Further information about Roger Williams can be found at On Site, In Time.
For more information on this and other peace treaties, see
Title
Роџер Вилијамс и Ѕидот на раздвојувањето
content

Context
Во 1620-тите, строга група протестанти наречени пуритани се населиле во североисточниот дел на Масачусетс. Тие имале намера да живеат според строго толкување на христијанството и не прифаќале несогласување. Род Ајленд, од друга страна, бил основан од Роџер Вилијамс, кој исто така бил побожен христијанин, но имал некои исклучително радикални идеи. Инспириран од него, Род Ајленд им додели верска слобода на сите (видете го исечокот на Род Ајленд и Роџер Вилијамс). За време на прогонството во Масачусетс, на квекерите им беше дозволено да живеат и да ја практикуваат својата вера слободно во соседниот Род Ајленд. Иако основачот на Род Ајленд, Роџер Вилијамс, сметал дека нивното однесување и непочитување е крајно иритирачко и невкусно, тој повеќе ја ценел слободата на религијата и говорот. Квекерите подоцна развија поотворен и потолерантен однос кон луѓето од друга вера и вера. Под водство на Квекерот Вилијам Пен, беше основана уште една отворена и толерантна колонија - Пенсилванија.
Questions
Мислите ли дека државата треба да се меша со религијата? Дали знаете за примери каде државата се меша, т.е. го прави тоа? Дали ви се познати и други примери каде што односите на државата и религијата се измешани на некој начин? Дали мислите дека тоа е добра идеја или не?
Spatial Coverage
Соединети Држави, Rhode Island
map
41.823611 / -71.422222
Subject
Is Referenced By
Source
Roger Williams, The Bloudy Tenent of Persecution, for Cause of Conscience, Discussed [in a Conference between Truth and Peace]: and Mr. Cotton’s letter examined and answered, ed. Edward Bean Underhill, London, Hanserd Knollys Society, 1848 [reprint, orig. 1644], p. 435.
Audience
No
Creator
Patrick Pasture
Contributor
Christophe Schellekens