Мери Дајер и Квекерите во Нова Англија
Една од најпознатите религиозни дисиденти во колонијална Северна Америка, во седумнаесеттиот век, (на почетокот на британската колонијализација), била жената по име Мери Дајер, која мигрирала во Бостон, Масачусетс, во раните 1630-ти. Таму, таа станала следбеничка на Ен Хачинсон, која била осудена за ерес (види Клипинг 5 за Ен Хачинсон). Кога Хачинсон побегнала на Род Ајленд, Мери Дајер ја следела. Сепак, подоцна Дајер се вратила во Англија каде станала Квекер.Квекерите, познати и како Друштво на пријатели, се протестанти. Но, тие не држат до детално и строго исповедање на верата, наместо тоа, тие ја истакнуваат директната врска што едно лице може да ја развие со Бога. Тие немаат свештенство или обреди и нивните состаноци за богослужба честопати се одржуваат во тишина. Моралните и внатрешните уверувања се клучни водичи во нивната вера. Тие веруваат дека секоја личност има внатрешна светлина (дел од Божјиот дух) во себе. Денес, тие се познати по нивниот спокоен ум и нивниот пацифизам. Меѓутоа, во седумнаесеттиот век, тие се плашеле поради нивниот радикализам и биле забележани одредени провокации. Тие намерно го нарушиле редот со гласно плачење, дури и трчале голи наоколу и ги прекинувале верските служби на другите цркви, а се со цел да предизвикаат реакции како средство за привлекување внимание на нивните идеи. Некои активно се обидоа да станат маченици за својата кауза, а Мери Дајер била една од нив. Даер се вратила во Бостон во 1657 година, каде ги промовирала учењата на Квекерите. Поради тоа била затворена и прогонета со закана дека ќе биде погубена доколку се врати. Кога го сторила тоа, конечно била обесена.
Во 1620-тите години, група на ригорозни протестанти, наречени Пуританци, се населиле во регионот на Масачусетс (во Северо-источна Америка). Тие имале намера да живеат според нивното строго толкување на христијанството и не прифаќале дисиденција. Спротивно на тоа, Род Ајленд бил основан од Роџер Вилијамс, исто така, побожен христијанин, но со некои извонредно радикални идеи. Под негова инспирација, Род Ајленд им дава религиска слобода на сите (видете ги сите исечоци од Повелбата на Род Ајленд и Роџер Вилијамс). Додека биле прогонувани во Масачусетс, на Квекерите им било дозволено слободно да живеат и да го практикуваат нивното уверување во соседниот Род Ајленд. Иако основачот на Род Ајленд, Роџер Вилијамс, ги сметал за крајно иритирачки, па дури и одвратни заради нивното однесување и непочитување кон другите, тој повеќе ја ценел слободата на религијата и на изразувањето (за да разбере зошто, видете ги исечоците/клипинзите за Роџер Вилијамс). Подоцна, Квекерите развиле отворен и толерантен однос кон луѓето од други вери и уверувања. Под инспирација на Квекерот Вилијам Пен, тие воспоставија уште една отворена и толерантна колонија на место каде што сега е државата Пенсилванија.
Ако бевте лидер на Род Ајленд, дали ќе ги дозволевте Квекерите? Зошто / зошто не? Што мислите зошто Роџер Вилијамс им дозволил? Дали се согласувате со луѓето кои покажуваат непочитување кон верувањето на другите за да ги истакнат своите верувања? Дали постојат граници на она што некој може да го толерира?
За повеќе информации за овој и други мировни договори, видете