Роџер Вилијамс и создавањето на Род Ајленд, рајот на толеранција во седумнаесеттиот век
„Божја волја и заповед е, од доаѓањето на Божјиот Син, Господ Исус, да им се даде дозвола на повеќето пагански, еврејски, турски или антихристијански вероисповести и на сите луѓе во сите нации и земји.Бог, бара да не се воведува и спроведува униформност на религијата во ниту една граѓанска држава. Наметната униформност, порано или подоцна, е најголемата прилика за граѓанска војна, за опустошување на совеста, за прогонството на Христос Исус кај неговите слуги и за лицемерие и уништување на милиони души.”
Во 1620-тите, група ригорозни протестанти, наречени Пуританци, се населиле во регионот на Масачусетс (во северно-источна Америка). Тие имале намера да живеат според нивното строго толкување на христијанството и не прифаќале дисиденција. Во 1636 година, тие сакале да го затворат и да го вратат во Англија, извесен Роџер Вилијамс. Вилијамс, кој според другите колонисти застапувал некои многу „шокантни” идеи. Тој, на пример, тврдел дека Америка им припаѓа на Индијанците и дека кралот на Англија нема право да им дистрибуира, т.е. да им подели американска земја на колонистите. То,ј исто така верувал дека вистинските христијани треба да ги прекинат сите врски со црквата на Англија, за која сметал дека е корумпирана. За да избегне апсење, една студен зимска ноќ, Вилијамс избегал во пустината. Таму, тој бил пречекан од Индијанците, кои ги познавал и со кои и претходно се дружел и живеел одреден временски период. Тие му дадоа или продадоа парче земја во Заливот Нарагансет, каде Вилијамс воспостави нова колонија, која ја нарекол „Промисла“. Тоа беше основата на она што сега е државата на Род Ајленд во САД.
Во својата нова населба, Роџер Вилијамс започнал д гради и практикува демократско општество во кое сите мажи се сметале за рамноправни (иако жените сè уште биле исклучени од гласање). Тоа значи дека имало верска слобода за сите: луѓето од кое било верско убедување - протестантите, католиците, Евреите, „паганите“ (Индијанците), муслиманите - можеле јавно да се придржуваат кон својата вера и да се поклонуваат. На пример, тие можеле да подигнат и верски објекти. Покрај тоа, граѓанските ги прифатиле сите религиозни убедувања, па затоа не можеле да наметнат или да спречат специфично религиозно однесување. На пример, тие го укинале неделниот одмор, бидејќи тоа било христијанска практика. Исто така, секој, без оглед на неговите верувања (вклучително и атеистите), можеле да станат државен службеник или судија. Притоа, барањето за полагање заклетва се сметало и за незаконско, затоа што заклетвата се перцепирала како верски и религиски чин. Единствената причина зошто граѓанските власти би можеле да се мешаат во религиозни работи, е само доколку се загрози граѓанскиот поредок, или пак не се почитуваат правата на другите. Затоа, сите жители плаќале исти даноци. Овој степен на слобода бил навистина револуционерен во тоа време, а веројатно и е сè уште. (Види клипинг - текст на Повелбата од Род Ајленд).
For more information on this and other peace treaties, see
Title
Роџер Вилијамс и создавањето на Род Ајленд, рајот на толеранција во седумнаесеттиот век
content
„Божја волја и заповед е, од доаѓањето на Божјиот Син, Господ Исус, да им се даде дозвола на повеќето пагански, еврејски, турски или антихристијански вероисповести и на сите луѓе во сите нации и земји.Бог, бара да не се воведува и спроведува униформност на религијата во ниту една граѓанска држава. Наметната униформност, порано или подоцна, е најголемата прилика за граѓанска војна, за опустошување на совеста, за прогонството на Христос Исус кај неговите слуги и за лицемерие и уништување на милиони души.”
Description
Ставовите на Роџер Вилијамс за слободата на религијата, што ја инспирираше колонијата на Род Ајленд во седумнаесеттиот век
Context
Во 1620-тите, група ригорозни протестанти, наречени пуритани, се населиле во регионот на Масачусетс (во североисточна Америка). Тие имале намера да живеат според нивното строго толкување на христијанството и не прифаќале дисиденција. Во 1636 година сакале да затворат и да го вратат во Англија извесен Роџер Вилијамс. Вилијамс имал некои многу шокантни идеи според другите колонисти. Тој, на пример, тврдеше дека Америка им припаѓа на Индијанците и дека кралот на Англија нема право да им ја подели американска земја на колонистите. Тој, исто така, верувал дека вистинските христијани треба да ги прекинат сите врски со Англиската црква, која ја сметал за корумпирана. За да избегне апсење, Вилијамс побегна во дивината во студената зимска ноќ. Него го пречекаа Индијци, кои ги познаваше и претходно се спријателиле, а со нив живеел некое време. Тие му дадоа или продадоа парче земја во заливот Нарагансет, каде Вилијамс сочинуваше нова колонија. Тој го нарече „Провиденсност“. Тоа беше основата на она што сега е држава Род Ајленд во САД. Во својата нова населба Роџер Вилијамс започна демократско општество каде сите мажи се сметаа за еднакви (иако жените сè уште беа исклучени од гласањето). Имаше верска слобода за сите: луѓето од кое било религиозно убедување – протестанти, католици, Евреи, „пагани“ (Индијанци), муслимани – можеа да се придржуваат до својата вера и јавно да се поклонуваат. Тие би можеле да подигнат верски објекти, на пример. Згора на тоа, граѓанските власти ги прифатија религиозните убедувања на сите, па затоа не можеа да наметнат или спречат конкретно религиозно однесување. На пример, тие го укинаа неделниот одмор, бидејќи тоа беше христијанска практика. Исто така, секој, без оглед на нивните верувања (вклучувајќи ги и атеистите), може да стане државен службеник или судија. Дури и незаконски беше да се бара заклетва, бидејќи заклетвата се сметаше за религиозен чин. Единствената причина зошто граѓанските власти би можеле да се мешаат во религиозните работи е доколку се загрози граѓанскиот поредок или не се почитуваат правата на другите. Затоа, сите жители плаќале исти даноци. Овој степен на слобода беше навистина револуционерен во тоа време, и веројатно сè уште е.
Questions
Зошто Вилијамс ја промовирал верската слобода? Зошто Бог - според Вилијамс - бара слобода? Како ја споредувате верската слобода по Роџер Вилијамс и Повелбата од Род Ајленд со она што го доживувате? Дали гледате сличности или разлики? Дали мислите дека ова може да биде модел за сегашноста? Какви потешкотии гледате за еден таков модел во денешно време?
Temporal Coverage
17 ви век
Spatial Coverage
Соединети Држави, Rhode Island
map
41.823611 / -71.422222
Subject
Is Referenced By
Source
Roger Williams, The Bloudy Tenent of Persecution, for Cause of Conscience, Discussed [in a Conference between Truth and Peace]: and Mr. Cotton’s letter examined and answered, ed. Edward Bean Underhill, London, Hanserd Knollys Society, 1848 [reprint, orig. 1644], p. 2.
Audience
Yes
Creator
Patrick Pasture
Contributor
Christophe Schellekens