Декларација за правата на човекот и граѓаните: Француски laïcité

Десеттиот член од Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот, гарантира дека никој нема да биде малтретиран заради неговото мислење. Верските мислења се исто така заштитени со овој член. Британскиот хуманистички активист, Ендру Копсон, го смета овој член како појдовна точка на францускиот секуларизам или ( на фр. лацита). Всушност, според него овој член го означува почетокот на промената во односот меѓу религијата и државата во Франција и на други места во Европа. Од 1905 година, Франција имала релативно строга поделба помеѓу црквата и државата, заснована врз принципот на секуларизмот. Француската влада го опишува секуларизмот на својата веб-страница на следниот начин:„Секуларизмот се заснова на три принципи и вредности: слобода на совеста и слобода на изразување на сопствените убедувања во границите на почитувањето на јавниот ред, одвоеност на јавните институции и верските организации и еднаквоста на сите пред законот, без оглед на нивните верувања или убедувања”. „Секуларизмот им гарантира на верниците и на неверниците исто право на слобода на изразување на нивните убедувања. Исто така, го обезбедува право да се има или да се нема религија, истата да се менува или повеќе и да не постои, т.е. да не се практикува “.
Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот (1789), е краток документ, подготвен од француското генерално собрание. Собранието било состанок на кој учествуваа граѓаните на Франција. Формирано е во 1789 година, како нова институција и одговор на голема уставна криза во Франција. Поради сериозни финансиски и економски проблеми, францускиот крал го свикал традиционалното народно претставништво, наречено Генерален имот. Во генералниот имот, претставниците на благородништвото, црквата и на „третиот имот“ - поголемиот дел од населението - се состанале како три одделни групи. Сепак, претставниците на т.н. трет имот, одбиле да се состанат одделно од претставниците на останатите два имоти. Тоа довело до формирање на Генералното собрание. Правата наведени во декларацијата, претставуваат прекин на политичкиот и правниот систем на Франција. За прв пат, правата за мажите не биле врзани за одредени социјални групи. Сите мажи кои биле граѓани, сега имале право на овие права. Декларацијата предвидувала права во различни области, вклучително и во религија. Декларацијата заштитувала различни верски мислења, отворајќи пат за еднакви права за не-католиците, како што се правата на Евреите и протестантите.