Вестфалскиот мир - Ханс Хеберле на крајот на војната, 1650 година
Ханс Хеберл бил чевлар од Неинстетен, село на околу 20 км северно од јужногерманскиот град Улм. Хеберл, водел дневник повеќе од 50 години, како за време на Триесетгодишната војна, така и периодот потоа. Во него, тој ги опишува страдањата за време на војната, но и радоста за мирот од гледна точка на цивилното население. Тој искажува благодарност на Бога што го создал мирот.
Од дневникот на Ханс Хеберле:
‘[1650] Сега е склучен целосен империјален мир, за што со право треба да му се заблагодариме и да го фалиме Бога и да им кажам на децата, на нашите деца, дека треба да се молат за мирно време. Зашто, каде е војната, има Божја казна и гнев, има забуна. Не постои порок што не се јавува во време на војна: блудство, јадење и пиење, ограбување, горење и убиство, мизерија и потреба, глад и тага, инфлација и болест, сумирано тука се присутни сите казни и маки. Затоа, треба да бараме мир секој ден и час, зашто таму каде што има мир има среќа и благослов. Доживеав и војна и мир и сум видел и доживеал секакви работи. Веројатно ги доживеав и издржав трите казни, војната, инфлацијата и штетноста, гладот и мизеријата. Јас, честопати сум бил во голема опасност со сопругата и децата, имам направено повеќе од 30 бегства кон Улм, понекогаш во темна ноќ, честопати при голем дожд, снег, студ, честопати со голема опасност од војниците, честопати сум бил и ограбен, честопати немав ниту парче леб со сопругата и децата, честопати заедно со сопругата и децата сме биле болни во Улм, две деца ми умреа во Улм, а таму се роди и син ми Ханс. Не можам да ја опишам мизеријата, затоа сакам да престанам и да оставам да биде она што треба да биде “.
Дневникот на Ханс Хеберл е еден од неколкуте текстови што обичните луѓе ги напишале за да ги пријават своите искуства за време на Триесетгодишната војна. Тој, бегајќи од војниците раскажува за бегствата со целото семејство во градот Улм, изразувајќи ги притоа своите чувства на благодарност за Мирот на Вестфалија.
Further information about the Westphalian Peace can be found at On Site, In Time.
For more information on this and other peace treaties, see
Title
Вестфалскиот мир - Ханс Хеберле на крајот на војната, 1650 година
content
Ханс Хеберл бил чевлар од Неинстетен, село на околу 20 км северно од јужногерманскиот град Улм. Хеберл, водел дневник повеќе од 50 години, како за време на Триесетгодишната војна, така и периодот потоа. Во него, тој ги опишува страдањата за време на војната, но и радоста за мирот од гледна точка на цивилното население. Тој искажува благодарност на Бога што го создал мирот.Од дневникот на Ханс Хеберле:
‘[1650] Сега е склучен целосен империјален мир, за што со право треба да му се заблагодариме и да го фалиме Бога и да им кажам на децата, на нашите деца, дека треба да се молат за мирно време. Зашто, каде е војната, има Божја казна и гнев, има забуна. Не постои порок што не се јавува во време на војна: блудство, јадење и пиење, ограбување, горење и убиство, мизерија и потреба, глад и тага, инфлација и болест, сумирано тука се присутни сите казни и маки. Затоа, треба да бараме мир секој ден и час, зашто таму каде што има мир има среќа и благослов. Доживеав и војна и мир и сум видел и доживеал секакви работи. Веројатно ги доживеав и издржав трите казни, војната, инфлацијата и штетноста, гладот и мизеријата. Јас, честопати сум бил во голема опасност со сопругата и децата, имам направено повеќе од 30 бегства кон Улм, понекогаш во темна ноќ, честопати при голем дожд, снег, студ, честопати со голема опасност од војниците, честопати сум бил и ограбен, честопати немав ниту парче леб со сопругата и децата, честопати заедно со сопругата и децата сме биле болни во Улм, две деца ми умреа во Улм, а таму се роди и син ми Ханс. Не можам да ја опишам мизеријата, затоа сакам да престанам и да оставам да биде она што треба да биде “.
‘[1650] Сега е склучен целосен империјален мир, за што со право треба да му се заблагодариме и да го фалиме Бога и да им кажам на децата, на нашите деца, дека треба да се молат за мирно време. Зашто, каде е војната, има Божја казна и гнев, има забуна. Не постои порок што не се јавува во време на војна: блудство, јадење и пиење, ограбување, горење и убиство, мизерија и потреба, глад и тага, инфлација и болест, сумирано тука се присутни сите казни и маки. Затоа, треба да бараме мир секој ден и час, зашто таму каде што има мир има среќа и благослов. Доживеав и војна и мир и сум видел и доживеал секакви работи. Веројатно ги доживеав и издржав трите казни, војната, инфлацијата и штетноста, гладот и мизеријата. Јас, честопати сум бил во голема опасност со сопругата и децата, имам направено повеќе од 30 бегства кон Улм, понекогаш во темна ноќ, честопати при голем дожд, снег, студ, честопати со голема опасност од војниците, честопати сум бил и ограбен, честопати немав ниту парче леб со сопругата и децата, честопати заедно со сопругата и децата сме биле болни во Улм, две деца ми умреа во Улм, а таму се роди и син ми Ханс. Не можам да ја опишам мизеријата, затоа сакам да престанам и да оставам да биде она што треба да биде “.
Context
Дневникот на Ханс Хеберл е еден од неколкуте текстови што обичните луѓе ги напишале за да ги пријават своите искуства за време на Триесетгодишната војна. Тој, бегајќи од војниците раскажува за бегствата со целото семејство во градот Улм, изразувајќи ги притоа своите чувства на благодарност за Мирот на Вестфалија.
Questions
Можете ли да замислите како се чувствувал Ханс Хеберл во врска со Мирот на Вестфалија?
Temporal Coverage
16 ви век
Date
26 July 1650
Spatial Coverage
Европа, Германија
map
49.45 / 11.083333
Relation
Subject
Is Referenced By
Bibliographic Citation
Zillhardt, Gerd, Der Dreißigjährige Krieg in zeitgenössischer Darstellung : Hans Heberles Zeytregister (1618 - 1672); Aufzeichnungen aus dem Ulmer Territorium. Ein Beitrag zur Geschichtsschreibung und Geschichtsverständnis der Unterschichten (Forschungen zur Geschichte der Stadt Ulm ; 13) Stuttgart, Kohlhammer, 1975.
Audience
Yes
Creator
Henning P. Jürgens