Религијата и јавниот ред

Како законот и јавниот ред се поврзани со религијата? Какви ограничувања би можеле да наметнат политичките системи на верските малцинства? Кои се темелите на едно толерантно општество во однос на верската различност? Ова се прашањата на кои се фокусира овој дел:

Дали постојат некакви тензии помеѓу јавниот ред и реализацијата на религиозните практики?

Дали е потребно верските малцинства да ги ограничат своите практики на приватни места?

Дали тие ги имаат истите права и можности како и мнозинството?

Каков беше пристапот кон овие прашања во минатото, а каков е денес?

Историските исечоци во овој дел нудат сериозна основа за размислување. На пример, исечоците https://retopea.eu/s/mk/item/6070 и https://retopea.eu/s/mk/item/6076, покажуваат реакции на политичките владетели во однос на јавното обожавање и практики на верско малцинство во Холандија, во 1578 година. Како ова се споредува со односот кон малцинствата изразен во Повелбата на Род Ајленд, во 1663 година (види, на пример, https://retopea.eu/s/mk/item/6106)? И, каков став тука зазеде познатата Декларација за правата на мажите и граѓаните во Франција од XVIII век (https://retopea.eu/s/mk/item/6145)?

Начинот на кој (верските) малцинства се застапени во законот и јавниот поредок не е само историско прашање. Клипингот/исечокот https://retopea.eu/s/mk/item/6943, користи извадок од Охридскиот рамковен договор од 2001 година за да покаже како заедниците во Северна Македонија се договориле за употребата на симболи на грбови и знамиња за означување на нивниот идентитет на почетокот од XXI век. .

По терористичките напади во САД во 2001 година, муслиманите ширум светот се соочија со исламофобијата (https://retopea.eu/s/mk/item/1876). Ова постави важни прашања за перцепциите и претставите за муслиманите и за улогата на исламот во современите политички системи, во Европа и во светот. Како Аманската порака одговори на овие грижи (https://retopea.eu/s/mk/item/1888)? И, како Мардинската конференција во 2010 година се потпира на историски документи (https://retopea.eu/s/mk/item/1894, https://retopea.eu/s/mk/item/1897), од XIII век, за разгледување на односот меѓу религијата и политиката?

Прегледите во овој дел, инспирираат ангажман со прашања кои со векови се на дневен ред и кои сè уште имаат потреба од одговори. Како би одговорил на гореспоменатите прашања? Како исечоците/клипинзите придонесуваат за вашето разбирање за проблемите?