Аугсбург 1555 – членови 9-10, 14

Во мировниот религиски договор во Аугсбург, преговарачите се согласија за мир, без претходно да дискутираат и одлучуваат по прашањето за религијата: ‘9-10: За време на консултациите, брзо стана јасно дека преговорите за главните прашања на нашата света христијанска вера, за церемониите и црковните практики, се тешки. Затоа, конечниот договор нема да се пронајде за краток временски период. Всушност, сè истакнува можноста за многу повеќе војни во Светата Империја на германската нација. Оттука, лидерите, амбасадорите и другите претставници, сметаа дека е разумно да го одложат прашањето за религијата, за друго посоодветно време. §14: Токму затоа, ние потенцираме дека никој не може да војува, ограбува, затвора или да го опсадува другиот. Никој не може насилно да ги искористи или оштети замоците, градовите, тврдините или селата. Секој треба да се однесува кон другиот со пријателство и христијанска љубов. Секоја сопственост, заедно со другите територии и имоти, ќе го почитува следниов религиозен, а истовремено и општ копнен мир “.
Реформацијата донесе поделба на христијанската црква во Централна Европа. Теолозите како Мартин Лутер, Улрих Цвингли и други, воспоставија нови учења за христијанската вера и верба. За краток период, наидоа на многу следбеници. Различните германски држави се поделија помеѓу католичката и евангелистичката страна, што иницираше и поделба на две главни политички партии. По повеќегодишни политички борби, овој конфликт беше надминат дури по крајот во граѓанските војни во 1546 година. Во 1555 година, претставниците на германските држави се состанаа во Аугсбург. Тие бараа начин за решавање на конфликтот и за ставање крај на верските војни во Германија. Во тој контекст, во Аугсбург на 25 септември 1555, со Договорот за мир, конечно беше прифатено постоењето на две различни христијански цркви, со што беа поставени и темелите на религискиот мир. Притоа, била оставена можноста лидерите и владетелите самите да решат дали ќе останат со старата католичка црква, или пак ќе се придружат кон новото лутеранско верување, формулирано во Аугсбуршката исповед од 1530 година. На овој начин, лутеранските држави добија еднаква основа со католичките. Меѓутоа, останатите религиозни групи, беа исклучени од Договорот за мир. Слободата на вероисповест се однесуваше само на германските имоти, т.е. на кнежествата и империјалните градови. Договорот за мир во Аугсбург обезбеди долг период на мир во германските земји, кој траеше сé до т.н. Триесетгодишната војна во 1618 година.

Further information about The Peace of Augsburg can be found at On Site, In Time.