Аугсбург 1555 – членови 24-27

Во Договорот за религискиот мир од Аугсбург во 1555 година, претставниците на германските држави и градови се согласија да прифатат само две религиски уверувања на нивните територии: католичко или лутеранско. На субјектите кои се придржуваа кон спротивното, т.е. „другото верување”, им беше дозволено да емигрираат. Сепак, во некои градови и двете уверувања, едно покрај друго, продолжија да постојат:‘24: Но, ако на субјектите кои се придржуваат кон старата религија или кон религијата на Аугсбуршката исповед, сакаат заради својата религија да ја напуштат земјата со своите семејства, тогаш, треба тоа да им се дозволи. Ним им е дозволено и слободно да ги продаваат своите работи. Но, тие мора да платат соодветна компензација за даноци. 27 §: Во многу градови во Рајхтот, двете религии, старата религија и религијата на Аугсбуршката исповед, се практикуваат „рамо до рамо”, т.е. една покрај друга. Потребно е тоа така и да остане во овие градови. Ниту една страна не се обидува да ја укине религијата, црковните обичаи или верските церемонии на другата страна. Според Договорот за религиски мир, тие треба да живеат тивко и мирно заедно “.
Реформацијата донесе поделба на христијанската црква во Централна Европа. Теолозите како Мартин Лутер, Улрих Цвингли и други, воспоставија нови учења за христијанската вера и верба. За краток период, наидоа на многу следбеници. Различните германски држави се поделија помеѓу католичката и евангелистичката страна, што иницираше и поделба на две главни политички партии. По повеќегодишни политички борби, овој конфликт беше надминат дури по крајот во граѓанските војни во 1546 година. Во 1555 година, претставниците на германските држави се состанаа во Аугсбург. Тие бараа начин за решавање на конфликтот и за ставање крај на верските војни во Германија. Во тој контекст, во Аугсбург на 25 септември 1555, со Договорот за мир, конечно беше прифатено постоењето на две различни христијански цркви, со што беа поставени и темелите на религискиот мир. Притоа, била оставена можноста лидерите и владетелите самите да решат дали ќе останат со старата католичка црква, или пак ќе се придружат кон новото лутеранско верување, формулирано во Аугсбуршката исповед од 1530 година. На овој начин, лутеранските држави добија еднаква основа со католичките. Меѓутоа, останатите религиозни групи, беа исклучени од Договорот за мир. Слободата на вероисповест се однесуваше само на германските имоти, т.е. на кнежествата и империјалните градови. Договорот за мир во Аугсбург обезбеди долг период на мир во германските земји, кој траеше сé до т.н. Триесетгодишната војна во 1618 година.

Further information about The Peace of Augsburg can be found at On Site, In Time.