Аугсбург 1555 – членови 15-17

Во мировниот договор во Аугсбург, преговарачите се согласија да се откажат од војната и од насилството како инструменти за решавање на верското несогласување помеѓу католичката и лутеранската страна: ‘15-16: За да може да се одржи религиозниот мир на долг рок, ниту еден имот на Рајхот не треба да се бори или да му наштети на другиот, само заради признанието на Аугсбург и заради неговите учења и верувања. Никој не смее да биде оддалечуван или да биде попречуван од неговата свест за практикување на сопствената религија, вера и религиски церемонии во неговата земја. Спорот околу религијата, единствено може да се реши со христијански, пријателски, мирољубиви средства. Териториите кои ги прифаќаат и се придржуваат до ставовите и признанието во Аугсбург, не треба да ги спречуваат или прогонуваат, ниту оние кои на тие територии продолжуваат да се придржуваат кон старата религија. §17: Сите други што не спаѓаат во споменатите две религии, треба да бидат исклучени од овој мир “.
Реформацијата донесе поделба на христијанската црква во Централна Европа. Теолозите како Мартин Лутер, Улрих Цвингли и други, воспоставија нови учења за христијанската вера и верба. За краток период, наидоа на многу следбеници. Различните германски држави се поделија помеѓу католичката и евангелистичката страна, што иницираше и поделба на две главни политички партии. По повеќегодишни политички борби, овој конфликт беше надминат дури по крајот во граѓанските војни во 1546 година. Во 1555 година, претставниците на германските држави се состанаа во Аугсбург. Тие бараа начин за решавање на конфликтот и за ставање крај на верските војни во Германија. Во тој контекст, во Аугсбург на 25 септември 1555, со Договорот за мир, конечно беше прифатено постоењето на две различни христијански цркви, со што беа поставени и темелите на религискиот мир. Притоа, била оставена можноста лидерите и владетелите самите да решат дали ќе останат со старата католичка црква, или пак ќе се придружат кон новото лутеранско верување, формулирано во Аугсбуршката исповед од 1530 година. На овој начин, лутеранските држави добија еднаква основа со католичките. Меѓутоа, останатите религиозни групи, беа исклучени од Договорот за мир. Слободата на вероисповест се однесуваше само на германските имоти, т.е. на кнежествата и империјалните градови. Договорот за мир во Аугсбург обезбеди долг период на мир во германските земји, кој траеше сé до т.н. Триесетгодишната војна во 1618 година.

Further information about The Peace of Augsburg can be found at On Site, In Time.