Мишел де Монтењ за исповедниот паритет
Францускиот благородник, правник и филозоф, Мишел де Монтањон (1533-1592), во текот на1580/81 година, почна долго патување низ Италија. Тој, исто така пропатува и низ јужна Германија и во октомври 1580 година, го посети Аугсбург. За време на патувањата, тој пишуваше дневник во кој ги пишуваше своите забелешки за стилот на живеење и за секојдневната култура. Монтањон беше католик и во Аугсбург за прв пат виде град во кој заедно живееја католиците и протестантите. Тој истакна:
„Браковите меѓу католиците и протестантите се случуваат секој ден. Уверувањето и верата на едниот од брачните другари, вообичаено се прифаќа од брачниот другар кој има поголема желба да го стори тоа. Има илјадници вакви бракови. Нашиот домаќин, на пример, беше католик, неговата сопруга протестантска”.
Тој, исто така забележува како двете вери ги делат црковните градби во градот:
„Следното утро, недела, посетив неколку цркви и во многубројните католички цркви насекаде наидов на добро организирана богослужба. Шест цркви со шеснаесет пастори им припаѓаат на протестантите, од нив две се одземени од католиците, а другите четири се изградени за нив. Оттаму отидовме во многу убавата црква на Светиот крст. До неа се наоѓа лутеранска црква: и овде, тие се добро организирани”.
Реформацијата донесе поделба на христијанската црква во Централна Европа. Теолозите како Мартин Лутер, Улрих Цвингли и други, воспоставија нови учења за христијанската вера и верба. За краток период, наидоа на многу следбеници. Различните германски држави се поделија помеѓу католичката и евангелистичката страна, што иницираше и поделба на две главни политички партии. По повеќегодишни политички борби, овој конфликт беше надминат дури по крајот во граѓанските војни во 1546 година.
Во 1555 година, претставниците на германските држави се состанаа во Аугсбург. Тие бараа начин за решавање на конфликтот и за ставање крај на верските војни во Германија. Во тој контекст, во Аугсбург на 25 септември 1555, со Договорот за мир, конечно беше прифатено постоењето на две различни христијански цркви, со што беа поставени и темелите на религискиот мир. Притоа, била оставена можноста лидерите и владетелите самите да решат дали ќе останат со старата католичка црква, или пак ќе се придружат кон новото лутеранско верување, формулирано во Аугсбуршката исповед од 1530 година. На овој начин, лутеранските држави добија еднаква основа со католичките. Меѓутоа, останатите религиозни групи, беа исклучени од Договорот за мир. Слободата на вероисповест се однесуваше само на германските имоти, т.е. на кнежествата и империјалните градови. Договорот за мир во Аугсбург обезбеди долг период на мир во германските земји, кој траеше сé до т.н. Триесетгодишната војна во 1618 година.
Дополнителни информации за Мирот во Аугсбург може да најдете на On
За повеќе информации за овој и други мировни договори, видете
Зошто Монтинеј ги спомнува браковите меѓу католиците и протестантите? Што мислите за две религии кои користат верски објекти, лоцирани блиску едни до други?