Договор за Велики петок: протестантски одговор
Културната разновидност е дел од Божјата намера за нас. Во нашиот конфликт, Бог нема фаворити и ја цени разновидноста на културата и идентитетот што е присутна во нашата заедница. И ние мора да ја почитуваме оваа разновидност.
- Секоја култура е жива и динамична. Сè што не може да се промени ќе исчезне. Ниту еден политички договор не треба едноставно да ги формализира нашите портокалови и зелени традиции. На тој начин, ризикуваме секташки апартхејд - и го негираме Божјиот дар на креативност.
- Секоја личност и секоја заедница мора да бидат слободни да ја изразат својата култура на кој било законски начин. Но, Библијата учи дека секоја човечка активност е погрешна (од грев). Културите имаат деструктивни елементи - кои мора да се отфрлат. И ова е дел од нашето почитување на различноста.
- Секташтвото е ендемско. За да се поткопа, ќе биде потребна храброст и посветеност да ги промениме нашите ставови и практики и како поединци и во заедницата.
Имаше различни и мешани одговори на Договорот за Велики петок. Тврдокорните протестанти се спротивставија на тоа од причина што сметаа дека има премногу отстапки за ирските националисти. Од друга страна, умерената протестантска група застапува и охрабрува еден попозитивен став. Екстремистите тврдеа дека Бог е на нивна страна, но тука, Бог е претставен како неутрален кој ги цени различноста и разликите. Традиционално, портокаловата боја се поврзува со протестантите и унионистите, додека зелена боја со католиците и националистите. Тука, прифатлива е перцепцијата дека традициите мораат да ги препознаат сопствените маани и да се развиваат на начини кои ќе овозможат меѓусебно почитување. Фразата „секташки апартхејд“ потсетува на расистичката политика спроведена во Јужна Африка до 1990 година, период во кој црните и белите луѓе биле принудени да живеат одвоени животи. Во тој контекст, се смета дека доколку Северна Ирска избегне слични поделби, тогаш за очекување е појавата на позитивни напори за надминување на ставовите од минатото.
Дали мислите дека овој пасус нуди корисен начин на размислување за други ситуации во кои религиозните култури се судираат едни со други?
За повеќе информации за овој и други мировни договори, видете

