Поглед од 2019 година: Норман Хамилтон
Договорот во Белфаст, секако го отстрани најголемиот дел од насилството на улиците во нашите заедници, градови и села. И недвосмислено, целото наше општество е сега подобро поради тоа. Сепак, длабоко вкоренетите поделби сè уште се присутни, со мали сигнали за нивно надминување. Повеќето од нашите млади немаат интерес да бидат заглавени во горчливата историја на нашето минато и оттука, сé повеќе се оддалечуваат од политичкиот живот, оставајќи го просторот отворен за оние со многу богат „историски багаж″. Многу од оние кои можат да ја напуштат Северна Ирска го прават тоа, за никогаш да не се вратат. Искрено верувам дека плодовите на доброто истражување ќе овозможат насочување кон начините со кои реално можат да се решат надежите, потребите и стравувањата на сите наши млади луѓе, во рамките на нашата сериозно нарушена политичка реалност и поставеност. Размислувањето што нè доведе до сегашното поделено и поларизирано општество нема да нè извлече од него.
Норман Хамилтон, поранешен водач на Презвитерската црква во Ирска, го даде горенаведениот коментар преку е-пошта специјално за проектот RETOPEA. Тој ги истакнува фрустрациите на младите, но и нивниот потенцијал да направат вистинска разлика со тоа што ќе донесат свежо размислување.
Што можат младите луѓе во другите делови на Европа да научат од искуството на младите луѓе во Северна Ирска?
За повеќе информации за овој и други мировни договори, видете

