ПОЛИН - Музеј за историја на полски Евреи, Варшава: Црква и синагога - конфликт што води кон непријателство и изолација
Средновековниот олтар на Вит Ствош „Христос во храмот“, ја прикажува дебатата меѓу 12-годишниот Исус и рабините во храмот Ерусалим. Оваа библиска сцена честопати ја користела Црквата со цел да се илустрира религиското несогласување помеѓу христијаните и Евреите. Евреите го отфрлија Новиот Завет. Поради оваа причина, тие беа осудени од Црквата која ја измисли доктрината за т.н. „еврејска ропственост”. Доктрината објаснува дека Евреите биле зависни од христијаните затоа што тие ја отфрлиле божественоста на Исус. Друга слика што ја илустрира оваа идеја е прикажувањето на две жени - една што ја симболизира Синагогата и друга која ја симболизира Црквата – а кои стојат на Крстот со распнатиот Исус. На сликата, „Црквата“ се моли, додека „Синагогата“ ја враќа назад.Ваквата осуда на Евреите од страна на Католичката црква, стана основа на антиеврејските ставови, широко распространети кај христијаните, што пак иницираше растечка изолација, обвинувања, предрасуди и насилство врз нив.
Исклучување и дискриминација:
Еврејските музеи играат витална улога во соочувањето со стереотипите и откривањето на механизмите на исклучување и дискриминација. Во Европа, овие музеи даваат увид во искуствата на едно малцинство кое со векови се сметало за инфериорно во христијанското општество. Додека Евреите често биле толерирани, нивното постоење често било под закана, бидејќи биле подложени на негативни стереотипи и предрасуди. Ова исклучување и дискриминација понекогаш ескалираа во прогон и насилство.
Во 20 век, Холокаустот, во кој беа убиени мнозинството европски Евреи, беше кулминација на расната омраза вкоренета во претходните општествени случувања. Еврејските музеи се занимаваат со овие историски антисемитски стереотипи и конфликти, расветлувајќи го нивното потекло и процесите со кои тие биле овековечени. Со истакнување на погубните последици од верската нетолеранција, национализмот и расизмот, овие институции имаат за цел да научат вредни лекции од историјата. Тие работат на борба против предрасудите, поттикнуваат толеранција и поттикнуваат ценење на културната различност.
Може ли средновековната осуда на Евреите од страна на Црквата да има влијание врз христијанско-еврејските односи во подоцнежните векови?
Title
Temporal Coverage
Spatial Coverage
Relation
Subject
Is Referenced By
Source
www.polin.pl


