Еврејски музеј, Лондон: „Евреи, пари, мит“

Стереотипот кој ги поврзува Евреите со пари и финансиска алчност, датира со векови. Во средновековните општества, Евреите се сметале за инфериорни. Тие биле исклучени од некои професии, поради што се наметнуваале во трговија и во непопуларни економски активности, како што било позајмувањето пари за камата. Перцепцијата за Евреите како алчни и зли била зајакната и од страна на Црквата, која сакајќи да ја надмине својата инфериорност, преземала некои негативни ликови од Библијата и истите ги третирала како симболи на Евреите. Позитивните ликови од Библијата не се сметале за Евреи, туку како претходници на христијанството.Ваквиот стереотип се развива и во подоцнежниот период, понекогаш земајќи противречни форми. По развојот на трговијата, Евреите се здружиле и со моќни банкари, но и со питачи. Во текот на 19 и 20 век, тие се здружиле како со алчните капиталисти, така и со комунистите и револуционерите. Изложбата „Евреи, мит на пари“ во Еврејскиот музеј во Лондон (март-октомври 2019 година), се соочи со овие стереотипи. Таа презентираше фактички доказ во врска со историските состојби на Евреите и нивната споредба со антисемитски слики во средновековните илустрации, цртани филмови и постери.

Исклучување и дискриминација:

 

Еврејските музеи кои се спротивставуваат на стереотипите и кои ги објаснуваат механизмите за исклучување и дискриминација. Еврејските музеи во Европа претставуваат перспектива на малцинството кое со векови се третирало како инфериорно во христијанското општество. Иако Евреите честопати сé толерираа, сепак, самото нивно присуство често се перцепирало како закана. Најразличните дистрибуирани стереотипи и предрасуди, ги покажувале Евреите во негативен контекст. Тие биле изложени на исклучување и дискриминација што понекогаш иницирало и прогони и насилство. Во XX век, најголем дел од европските Евреи загинале во холокаустот, како последица на расната омраза која еволуирала од претходните случувања и процеси. Еврејските музеи се спротивставуваат на овие антисемитски стереотипи и конфликти од минатото, објаснувајќи ја нивната генеза и механизми. Тие ги претставуваат мошне негативните последици од религиозната нетолеранција, национализмот и расизмот. Предавајќи лекции од историјата, тие се борат со предрасудите, промовираат толеранција и ги отвораат луѓето кон културна разноликост.

Дали познавате други примери на примена на стереотипи за одредена група на луѓе? Зошто и како се создава ова (стереотипизирањето)?