Еврејски музеј, Франкфурт: нестабилност на еврејскиот живот
Некои стари еврејски книги изложени во музејот Judengasse (Еврејска патека), во Франкфурт, го потврдуваат прогонството низ кое Евреите поминале во текот на средниот век и раниот модерен период. Еден таков пример, претставува страницата од еврејска молитвена книга која носи ракописна нота што се однесува на трговско претпријатие кое му припаѓа на манастирот во Франкфурт. Пергаментот најверојатно „паднал” во рацете на манастирот, по настаните и „маглината” во 1349 година, во кој биле убиени сите Франкфуртски Евреи.Друг пример претставува фрагментот од хебрејски ракопис кој се користел за да се направи корица (прва страна) на медицински труд, отпечатен во Улм во 1651 година. Ракописот, најверојатно бил украден од еврејското гето во Франкфурт за време на прогонот во 1614 година, а потоа исечен и повторно користен.
Исклучување и дискриминација: Еврејските музеи кои се спротивставуваат на стереотипите и кои ги објаснуваат механизмите за исклучување и дискриминација.
Еврејските музеи во Европа претставуваат перспектива на малцинството кое со векови се третирало како инфериорно во христијанското општество. Иако Евреите честопати сé толерираа, сепак, самото нивно присуство често се перцепирало како закана. Најразличните дистрибуирани стереотипи и предрасуди, ги покажувале Евреите во негативен контекст. Тие биле изложени на исклучување и дискриминација што понекогаш иницирало и прогони и насилство. Во XX век, најголем дел од европските Евреи загинале во холокаустот, како последица на расната омраза која еволуирала од претходните случувања и процеси. Еврејските музеи се спротивставуваат на овие антисемитски стереотипи и конфликти од минатото, објаснувајќи ја нивната генеза и механизми. Тие ги претставуваат мошне негативните последици од религиозната нетолеранција, национализмот и расизмот. Предавајќи лекции од историјата, тие се борат со предрасудите, промовираат толеранција и ги отвораат луѓето кон културна разноликост.
Title
Еврејски музеј, Франкфурт: нестабилност на еврејскиот живот
Temporal Coverage
15 ви век
Spatial Coverage
Европа, Германија
Relation
Subject
Is Referenced By
Source
Jewish Museum Frankfurt
https://www.juedischesmuseum.de/en/
https://www.juedischesmuseum.de/en/
Bibliographic Citation
Fritz Backhaus, Raphael Gross, Sabine Köβling and Mirjam Wenzel (editors), The Judengasse in Frankfurt: History, Politics, Culture, catalog of the permanent exhibition of the Jewish Museum Frankfurt, Munich 2016
Creator
Tamara Sztyma