Museo Nazionale dell’Ebraismo Italiano e della Shoah, Ferrara/Национален музеј на италијанскиот јудаизам и Шоа, Ферара: анти-јудаизам и сегрегација на Евреите и христијаните во Италија

Благодарение на нивните вештини и подвижност, Евреите стануваат дел од економскиот живот на ренесансната Италија. Сепак, тоа исто така ги прави и непопуларни меѓу нивните конкуренти, а следствено на тоа и предмет на напади. Непријателството против Евреите понекогаш се манифестирало во форма на немири и грабежи, иако во споредба со другите области во Европа, тоа во Италија било поретко. Во различни времски и историски периоди и епохи, пристапот кон Евреите бил различне, т.е. или биле прифатени, или држени на растојание, или пак биле напаѓани. Во 1516 година, Венеција донела одлука според која Евреите можеле да живеат само во специјално подрачје, со што било основано и гетото во Венеција. Одлуката им забранувала на Евреите да го напуштат гетото во текот на ноќта. Во 1555 година, папата го издадал законот со кој во сите папски градови, Евреите биле ограничувани во гета, со само една порта и една синагога. Исто така, тие морале да носат и специјална значка, им било дозволено да тргуваат само со користена облека, а им била ограничена и комуникацијата со христијаните. Тоа бил почетокот на т.н. анти-еврејско угнетување кое потоа се протега низ вековите.

Исклучување и дискриминација:

 

Еврејските музеи играат витална улога во соочувањето со стереотипите и откривањето на механизмите на исклучување и дискриминација. Во Европа, овие музеи даваат увид во искуствата на едно малцинство кое со векови се сметало за инфериорно во христијанското општество. Додека Евреите често биле толерирани, нивното постоење често било под закана, бидејќи биле подложени на негативни стереотипи и предрасуди. Ова исклучување и дискриминација понекогаш ескалираа во прогон и насилство.

 

Во 20 век, Холокаустот, во кој беа убиени мнозинството европски Евреи, беше кулминација на расната омраза вкоренета во претходните општествени случувања. Еврејските музеи се занимаваат со овие историски антисемитски стереотипи и конфликти, расветлувајќи го нивното потекло и процесите со кои тие биле овековечени. Со истакнување на погубните последици од верската нетолеранција, национализмот и расизмот, овие институции имаат за цел да научат вредни лекции од историјата. Тие работат на борба против предрасудите, поттикнуваат толеранција и поттикнуваат ценење на културната различност.

Што мислите, какви би можеле да бидат резултатите од една ваква сегрегација на народите? Може ли меѓусебните односи и разбирање да се градат без дневни контакти меѓу луѓето?