Меморијалниот центар за холокаустот на Евреите од Македонија, Скопје: Шоах - што можеме да научиме од минатото?
Инсталацијата во главното лоби во Меморијалниот центар за холокаустот на Евреите од Македонија ги одбележува жртвите на холокаустот во Македонија. Во исто време, таа дава предупредување за идните генерации. Составена е од челични скулпторски форми кои наликуваат на испружени раце и дланки. Тие „држат“ рамки со слики со македонски Евреи депортирани и убиени во камп на смртта во Треблинка. Некои рамки се празни, што сведочи дека меѓу депротираните Евери имало и такви за кои нé се обезбедени податоци. Некои содржат огледала за посетителите да можат да се видат себе си.
Исклучување и дискриминација: Еврејските музеи кои се спротивставуваат на стереотипите и кои ги објаснуваат механизмите за исклучување и дискриминација.Еврејските музеи во Европа претставуваат перспектива на малцинството кое со векови се третирало како инфериорно во христијанското општество. Иако Евреите честопати сé толерираа, сепак, самото нивно присуство често се перцепирало како закана. Најразличните дистрибуирани стереотипи и предрасуди, ги покажувале Евреите во негативен контекст. Тие биле изложени на исклучување и дискриминација што понекогаш иницирало и прогони и насилство. Во XX век, најголем дел од европските Евреи загинале во холокаустот, како последица на расната омраза која еволуирала од претходните случувања и процеси. Еврејските музеи се спротивставуваат на овие антисемитски стереотипи и конфликти од минатото, објаснувајќи ја нивната генеза и механизми. Тие ги претставуваат мошне негативните последици од религиозната нетолеранција, национализмот и расизмот. Предавајќи лекции од историјата, тие се борат со предрасудите, промовираат толеранција и ги отвораат луѓето кон културна разноликост.
Title

content

Context

Questions
Какви мисли иницираат кај вас, посочените огледала во инсталацијата?
Temporal Coverage
20 ви век
Spatial Coverage
Европа, Северна Македонија
map
41.998611 / 21.433611
Subject
Is Referenced By
Source
The Holocaust Memorial Center for the Jews of Macedonia, Skopje
https://holocaustmemorialcenter.mk/en/
https://holocaustmemorialcenter.mk/en/
Bibliographic Citation
Yitzchak Mais (editor), Macedonian Chronicle. The Story of Sephardic Jews in the Balkans, the Holocaust Center of the Jews from Macedonia, Skopje 2011
Audience
Yes
Creator
Tamara Sztyma