Веруваме во Бога

Без разлика дали сме следбеници на некоја религија или не, таа секогаш била составен дел на човештвото, нашите животи и општества во кои живееме. Нејзиното влијание на темелите на цивилизациите е огромно; колку често била поттик за мир, толку и за војна. Во текот на историјата, таа влегувала, но и не ретко излегувала од „мода“. Денес, на Западот, ние живееме во општества, кои ја сметаат за драга религиозната слобода, како и слободата од религии. Иднината на религиозните системи и духовноста кои тие ја носат е неизвесна, но сепак ние не можеме да го исклучиме сето тоа влијание кое таа го има на секаде околу нас.Бидејќи „Музеите се новите цркви“, сосема соодветно се чини изложувањето и на предмети од религиозен контекст во нивните алеи. Впрочем, ваквите изложби не се само дел од националните, или пак етнографските музеи. Одредени религиозни заедници многу често се покровители на специјализирани религиозни музеи.