Облека и култура

Рекле „Облеката го прави човека“ и така било дури и пред 40,000 години. Важноста на облеката повеќе е во областа на општествениот статус, отколку во заштитувањето на телото од природните елементи. Уште откако човекот започнал да изработува облека, го правел тоа со цел да прикаже некаков општествен статус. Како што напредувала изработката, така стилот станувал се побогат. Најраното споменување за важноста на свештеничката облека е во Стариот Завет. Во Втората Книга Мојсеева 28 можат да се најдат детали околу описите на облеките кои Бог заповедал да се изработат и да бидат носени од свештениците. Овие биле „свети облекла“. Меѓутоа, оваа облека станала повод за несогласување во текот на Протестантската реформација, но и подоцна во Ритуалистичките контроверзии во Англија во 19ти век.