Сезона на вештерки
Социјалната и верската позиција на жената во голем дел од историјата била во незавидна позиција. Иако борбата за права и слободи никогаш не згаснала, се чини дека таа се одвива полека. Денес, жените во поголем дел на светот се слободни да се изразуваат себеси. За жал, тоа не било случај во минатото.Вештерките и Вештерството не се новост во општеството. Се смета дека она што сега се нарекува вештерство, некогаш било древен начин на практикување на вера и медицина. Кога монотеистичките религии надвладеале над паганските, многу нивни обичаи биле сметани за непожелни. Скриена во едно ќоше во Музејот на Градот Загреб, оваа поставка ги чествува жените кои биле осудувани и убивани во минатото. Влегувајќи во собата, пред нас се чувствува дел од животот на обележаните жени.
Кое е твоето мислење за концептот на „ловот на вештерки“? Дали се случило нешто слично во историјата на твојата заедница? Дали можеш ова да го поставиш во современа рамка и да опишеш како би се одвивало?