Спиење

Можеби креветот ни се чини како нешто сосема обично и секојдневно, но сепак тој во себе содржи големо традиционално и верско значење. Покрај социјалниот статус, креветот има посебно значење во животот на една брачна двојка. Од Одисејата до Библијата, насекаде можеме да ги сретнеме прекрасните описи на самиот кревет, како и неговите украси. Иако задглавната штица на креветите своето потекло го должи на практичната примена (како заштита од провев и ладни ѕидови), со текот на времето станувала се повеќе осмислена. Во зависност од видот на креветот (единечен или брачен), се менувале и претставите. Тие понекогаш биле украсувани со религиозни мотиви како што се светите иницијали на Христа, или пак претстава на Божјата Мајка.