Во брак
Давањето мираз е древна традиција која е дел од свадбените ритуали. Тој е дел од секоја позната религиозна група, но варира во рамките на различни религиозни закони или традиции. Миразот се состои од подароци - пари, а понекогаш и имот - што невестата ги добива од нејзините родители. Во зависност од културата и традициите, по бракот, миразот обично бил целосно контролиран од невестата. Но, многу пати тоа беше вклучено во семејното богатство на младоженецот. Од денешна гледна точка, традицијата на мираз се смета за многу навредлива и угнетувачка за жените. Во некои делови од светот, тоа е тесно поврзано со насилството врз жените, вклучувајќи убиства и осакатувања, како што се напади со киселина. На Балканот миразот има променлива историја. Се чини дека словенските племиња ја немале таа традиција, но подоцна била воведена од Византијците. Во годините на комунизмот, миразот беше официјално отфрлен, но сè уште се практикуваше во руралните средини. Денес, миразот е сè уште дел од некои свадби, но изборот обично се остава на поединецот. За разлика од нејзината не-секогаш светла историја и практика, подароците што биле направени за да бидат дел од нечиј мираз често биле прилично величествени, како на горната фотографија.
Кои се традициите во врска со мираз во вашата заедница? Според вас, дали миразот ги угнетува човековите права? Дали би сакале мираз доколку стапувате во брак?