Велигденски јајца

Можеби никогаш нема да дознаеме кој настанал прв – кокошката или јајцето, но можеме со сигурност да ги пронајдеме почетоците на јајцето во верските традиции. Традицијата на украсување на лушпи од јајце своите почетоци ги има во предисториска Африка. Подоцна, во Египет тие се користеле како погребни предмети. Јајцето се поврзува со смртта и повторното раѓање, па така раните Христијани го поврзале распетието со воскреснатиот Христа. Неколку векови потоа, христијанската црква официјално го прифатила обичајот дека јајцето го симболизира Христовото воскреснување. Ова официјално било прифатено од Црквата во 1610 година, во една публикација со име Римски Ритуали, која содржела дел за „Велигденски благословени јадења“, дел за јајца, јагне, леб и одредени нови, во тоа време, продукти. Овој благослов е повеќе во однос на јајцето како храна отколку како декоративен елемент. Низ Балканот можеме да најдеме многу прекрасни техники на цртање и боење на јајцата.