Вредни пчелки

Во Етнографскиот Музеј на Словенија се наоѓаат премети од еден многу интересен аспект на пчеларството – украсувањето на предните штички на кошниците. На овие декоративни дрвени штички (познати како panjske končnice) се прикажани религиозни и секојдневни сцени. Нешто што започнало практично, станало дел од културното наследство. Најстарите штички се датираат околу средината на 18тиот век. Тие биле сликани од самите пчелари кои користеле природни пигменти за боја. Се претпоставува дека постојат дури 600 различни мотиви. Интересна, исто така, е и групата на штички која ги отсликува човековите слабости, особено оние на жените. На тие, најчесто е прикажан ѓаволот, како некој со кого жените често соработуваат. Прикажан е дури како пере и пегла женска долна облека. Но, без разлика каква сцена и да е прикажана, улогата на жената е секогаш онаа на грешник.

Дали постои нешто слично во твојата заедница? Декоративен практичен предмет кој исто така во себе носи културна порака? Кое е твоето мислење за родовото одредување со „грешник“ и „праведник“?