Амулети за среќа

Дури и најрационалниот меѓу нас никогаш навистина не може да му избега на суеверието. А низ историјата пак, задолжителен додаток на облеката биле и амајлиите, најчесто во облик на амулети. Амулетот прикажан на фотографијата подоле е од 19тиот век од Словенија и е изложен во Музејот на Град Љубљана. Иако не се наоѓа на сосема видно место, сепак носи силна порака. Магијата е едноставна – „абракадабра“. Штити, носи среќа, а ако сме лоши може и да ни наштети. Амулетите и амајлиите биле користени од паганите, Христијаните, Евреите и од следбениците на секоја вера и традиција. Иако поимите „амулет“, „амајлија“ и „талисман“ всушност не се синоними, меѓутоа сепак многу често се користат за да означат ист премет. На Балканот постои и уште една амајлија која е типична за овие простори – тоа е „мартинката“ (видете подолу). Името е изведено од месецот март. Тие се прават од бел и црвен конец, а по изминувањето на месецот март, оној кој ја носел ја закачува на дрво и си замислува желба.

Кое е мислењето за суеверјето во вашата заедница?

Дали тоа што си религиозен значи дека си суеверен по автоматизам?

Можете ли да наведете некои вообичаени практики на суеверје?