Верска практика
Како може да се каже дека некој припаѓа на одредена религија? Како верските обичаи стануваат видливи во јавноста? И, како можат различните религии да бидат внимателни една кон друга кога ги слават своите празници? Ова се прашањата кои се опфатени во рамките на овој дел.
Можете да се занимавате со многу различни теми во овој дел: Два исечоци ви го покажуваат примерот на успешниот фудбалер, Мо Салах, од фудбалскиот клуб Ливерпул (https://retopea.eu/s/mk/item/8353, https://retopea.eu/s/mk/item/8350). Каква улога за неговите обожаватели има фактот дека тој е муслиман? Дали познавате спортисти или други познати личности кои јасно ја покажуваат својата религија? Дали тоа влијае на тоа како ги перципирате?
Два примери од музеи, покажуваат различни верски обичаи и религиозна облека (https://retopea.eu/s/mk/item/5461 и https://retopea.eu/s/mk/item/5455). Дали имате познавање за облеката и обичаите на религијата на која не припаѓате? Како ви изгледаат овие обичаи? Можете ли да помислите на слични обичаи во вашата религија или семејство? Можете ли да помислите како би изгледале тие обичаи кај другите? Дали тие би влијаеле на мислењето на “другиот” за вас?
Во минатото, различните верски обичаи можеле да се менаџираат на мирен начин, но исто така, тие можеле да предизвикаат и конфликт. Мирниот соживот на различни религии и верувања, најде израз во соработката, како што може да се види на примерот (https://retopea.eu/s/mk/item/6736) од Еврејскиот музеј во Франкфурт. Но, сепак, постоеле и конфликти, особено околу јавното практикување на верските обичаи. Дали мислите дека денес може да се извлече позитивен заклучок и да се научи од прописите како (https://retopea.eu/s/mk/item/6073), во Холандскиот религиозен мир од 1578 година, или (https://retopea.eu/s/mk/item/6103), во Нантскиот едикт од 1598 година? Според вас, дали и денес ни се потребни такви прописи? Зошто да, или не?
Во https://retopea.eu/s/mk/item/7057 и https://retopea.eu/s/mk/item/7060 ќе најдете написи од Европската конвенција за човекови права за религијата. Колку се важни овие написи за нашето општество денес? И на крај, во (https://retopea.eu/s/mk/item/5245 и https://retopea.eu/s/mk/item/5248), гледате како јавно се дискутира за религијата со рекламна кампања. Што мислите за кампањата? Каква слика за религијата и религиозните луѓе нуди таа? Дали можете да ги забележите сличностите или разликите помеѓу оваа кампања и мислите и практиките за сличностите и разликите во другите, претходни исечоци? Дали се чувствувате предизвикани? Што мислите, како на вакво прашање би реагирал некој кој верува во Бог?